Регион 08. октомври 2018. / 16:54

Мигранти провалиле во куќата на Дино Мерлин

Мигранти провалиле во куќата на Дино Мерлин

Двајца мигранти, ноќеска околу полноќ, насилно влегле во куќата на пејачот Дино Мерлин во Сараево.

Мигрантите влегле преку прозорците, а не забележале дека на куќата има безбедносни камери. Откако провалиле алармот почнал да свири по што дошла и полицијата.

Еден од мигрантите успеал да избега, а другиот е уапсен.

Уапсениот мигрант кај себе немал документи и не можело да му се утврди точниот идентитет.

,,Станува збор за млад маж, кој даде два датума на раѓање. Првиот пат рекол дека е роден 1997 година, а вториот пат 1998 година”, изјавиле од полицијата за босанските медиуми.

Во времето на упадот, Дино Мерлин и неговото семејство не биле во куќата.