Регион 23. септември 2018. / 19:27

Мигранти претепале момче во паркот во Сараево

Мигранти претепале момче во паркот во Сараево

Двајца припадници на полицијата на Сараево утрово, околу 11 часот, спречиле тежок судир меѓу мигранти, кои групно го окупирале паркот пред Железничката станица во БиХ.

Полицијата и минувачите во еден момент слушнале викање, па виделе како група на мигранти трчаат кон еден од нив и го тепаат, пренесе Независне.

„Еден покрупен мигрант најмногу го тепаше момчето. Сите викаа, а момчето во еден момент од ударот паднало на асфалтот. Крупниот мигрант со тупаници го тепаше. Сигурно ќе го убиеше ако не се вмешаше полицијата“, изјави очевидец.

Групата се повлекла, а полицијата го одвела на страна нападнатиот мигрант.