Регион 09. октомври 2018. / 14:45

Mигранти плаќале по 4.000 евра за да стигнат до Европа

Mигранти плаќале по 4.000 евра за да стигнат до Европа

Поголема група криумчари на мигранти се откриени при претреси кои од рано изутрината биле извршени во Сараево и во Мостар. Во рамките на оперативната акција ,,Центар” спроведена е опсежна истрага во Босна и Херцеговина со која се опфатени повеќемина осомничени дека организирале криумчарење на илегални мигранти од Индија, Пакистан, Иран и од други земји.

Илегалните мигранти биле криумчарени од Црна Гора и Србија во БиХ, каде им било обезбедувано сместување, по што биле пренесувани кон земјите од ЕУ. Организаторите на илегалните мигранти им наплаќале по 4.000 евра. Во текот на полициската акција биле откриени најмалку 50 случаи на криумчарење мигранти.