Хрватскиот министер за внатрешни работи, Давор Божиновиќ, соопшти дека за време на полициска акција во Горски Котар во саботата попладне, мигрант бил ранет по што се здобил со тешка повреда и бил пренесен во болницата во Риека.
– Во текот на постапките на полициските службеници, повреден е странски државјанин осомничен за нелегално престојување во област на Горски Котар во Хрватска. Хрватската полиција постапувала во заштита на границата….Во акцијата еден мигрант е повреден. Според досегашните информации веројатно дошло до повреда проади употреба на огнено оружје. За тоа ќе испитува надлежно обвинителство што ќе спроведе истрага – изјави Божиновиќ за ХРТ .