Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изјави денеска дека владата ќе им обезбеди на сите граѓани бесплатни вакцини против коронавирусот, кога ќе бидат на располагање.
Мицотакис, претседавајќи на министерскиот состанок за владината стратегија за вакцинација против ковид-19, рече дека вакцината е јавно добро.
– Инсистирам сите Грци да имаат слободен пристап до вакцина, бидејќи оваа влада уште од самиот почеток ја третира вакцината како јавно добро – рече премиерот.
Затоа ќе биде бесплатна за сите, без исклучок.
Во Грција дојде до повторно ширење на вирусот и се зголеми притисокот врз здравствениот систем.
Вчера е регистриран рекорден број на починати и заразени, регистрирани се повеќе од 3.300 новозаболени и 50 починати.
Грција, земја со 11 милиони жители, забележа вкупно 66.600 заразени и 959 смртни случаи.