Регион 09. октомври 2019. / 18:53

Мицотакис и Туск разговараа за проширувањата на Унијата со земјите од Западен Балкан

Мицотакис и Туск разговараа за проширувањата на Унијата со земјите од Западен Балкан

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, разговарале за темите што ќе се најдат на агендата на следниот самит на ЕУ меѓу кои и проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан.

Како што соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер, станало збор за Брегзит и последиците од излезот на Велика Британија од ЕУ без договор, за проширувањето на ЕУ и односите на Европската унија со Турција во однос на активностите во источниот Медитеран и во однос на бегалското прашање.

Освен со актуелниот премиер, Туск оствари средба и со поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас.