Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис порача дека Турција не би требало да се обидува да ги присилува ни Грција ни Европа со своите настојувања да оствари план за бегалците.
Турција планира да раселни милион бегалци на северот на Сирија и би можела повторно да ја отвори рутата за емигрантите кон Европа доколку не добие соодветна меѓународна поддршка за тој план, изјави неколку пати во изминатите денови турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува Ројтерс.
Мицотакис на прес-конференција во Солун изјави дека Ердоган мора да сфати дека не може да им се заканува на Грција и Европа во обид да обезбеди дополнителни средства за решавање на прашањето со бегалците.