Регион 18. јануари 2021. / 09:13

Мицотакис утрово ја прими втората доза од вакцината против коронавирусот

Мицотакис утрово ја прими втората доза од вакцината против коронавирусот
Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис се првите политичари во Грција што ја прими вакцината на Фајзер

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, рано утрово, ја прими втората доза од вакцината против Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис на социјалните мрежи сподели видео од вакцинацијата со коментар „Втора доза од вакцината”.

Првата доза, грчкиот премиер ја прими на 27 декември 2020 година и заедно со претседателката Катерина Сакеларопулу беа меѓу првите кои се вакцинираа во Грција.

Согласно официјалните податоци, од почетокот на вакцинацијата до саботата попладне во Грција биле вакцинирани 79.744 лица.