Специјалниот пратеник на американскиот државен секретар за Западен Балкан Метју Палмер не ја исклучува можноста за размена на територии меѓу Србија и Косово.
На страните е да ги одредат параметрите на дијалогот, изјави тој во интервју за порталот „ЕУ обзервер“.Она што ние го подржуваме е страните да најдат начин да се вратат на преговарачката маса и да пронајдат пат кон нормализација на односите, идеално би било со заемно признавање.
Тој не одговори дали ова позиција на САД е спротивна на ставот на Берлин дека размената на територии би можело да го дестабилизира регионот.
Идејата за размена на територии сериозно ги скара, па и ги доведе пред суд Еди Рама и екс-премиерот на Косово Рамуш Харадинај.