Регион 14. ноември 2020. / 14:25

Мета: На 25 април сенационален референдум за уривање на олигархискиот систем

Мета: На 25 април сенационален референдум за уривање на олигархискиот систем

Продолжуваат репликите од дистанца меѓу албанскиот претседател Илир Мета и премиерот Еди Рама, полни со обвинувања и навреди.

Мета преку објава на Фејсбук оценува дека неопходно е враќање на уставниот поредок во земјата, а следните парламенатрни избори ги оценува како референдум против актуелниот олигархискиот систем.

На 25 април 2021 година ќе се одржи сенционален референдум за уривање на овој олигархиски систем, кој се обидува да ги претвори албанските граѓани во безвредни, немоќни и незаштитени суштества. Враќањето на уставниот поредок е неспорно. УСТАВОТ пред се. Над Уставот единствено народот, напиша Мета.

Më 25 prill 2021 do të ketë një referendum mbarëkombëtar për të rrëzuar këtë sistem oligarkik, që kërkon t’i kthejë…

Posted by Ilir Meta on Friday, November 13, 2020

Тој реагира и на влошената состојба со Ковид-19 во земјата и бара масовно зголемување на тестирањата за Ковид-19 и на секој граѓанин кој се лекува дома да му се надоместат средствата потрошени за лекови. Воедно упати апел до сите граѓани да носат маски.

Да се зголеми бројот на тестирањата, да се зголеми буџетот за здравствениот систем, на секој граѓанин кој се лекува дома да му се надоместат трошоците. Секој да носи маска. Заедно против Ковид-19, за заштита на здравјето на секој граѓанин, апелира Мета.

Тој првпат со заштитна маска беше виден вчера, а неговата сопруга Моника Круемади, која е лидерка на опозициското Движење за социјалистичка интеграција, е најголемиот поборник против носењето маски, па во два случаја беше казнета од полицијата.