Регион 26. јули 2020. / 14:12

Мета: Граѓаните мора директно на непосредни избори да го избираат претседателот на државата

Мета: Граѓаните мора директно на непосредни избори да го избираат претседателот на државата

Албанскиот претседател, Илир Мета, поддржува целосно отворени изборни листи, што е предлог на обединетата опозиција, затоа што според него, тоа е единствен начин да се врати парламентаризмот во земјата.

Мета додаде дека, исто како што ги избираат пратениците, граѓаните мора во иднина директно на непосредни избори да го избираат и претседателот на Републиката.

Тој потенцира дека е време Албанците да изберат и да зборуваат сами за себе.

Време е Албанците да избираат и да зборуваат сами. Суверенитетот во Република Албанија му припаѓа на народот – напиша Мета, индиректно одговарајќи му на премиерот Еди Рама, кој изјави дека единствената институција што го претставува суверенитет на народот е Собранието.

Албанскиот Парламент во четвртокот ја усвои изборната реформа, договорена од Политичкиот совет во кој членуваат претставници на владејачкото мнозинство, паламентарната и вонпарламентарната опозиција.

Сепак, остана со подзаконски акти да се реши барањето на опозицијата за отворени листи и на владејачкото мнозинство за укинување на изборните коалиции, за што, пак, се потребни и измени во Уставот.