Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска одговарајќи на пратенички прашања во Саборот изјави дека Владата нема„да падне во замката“ на опозицијата, која се обидува да наметне воведување на полициски час и „заклучување“, за пороа да критикува дека се кршат човековите права.
Бројките ни покажуваат дека имаме раст само од еден отсто, дека мерките даваат некакви ефекти, истакна Пленковиќ зборувајќи за новозаразените лица со Ковид-19.
Тој додаде дека и бројот на хоспитализирани и починати лица не значи дека е загрозен здравствениот систем на Хрватска.
Тој се осврна и на протестот на лекарите од Клиничката болница Дубрава во Загреб, истакнувајќи дека не гледа оти се нехумани условите во ковид болницата.