Регион 13. август 2018. / 17:53

Меркел: Нема промена на границите на Западен Балкан

Меркел: Нема промена на границите на Западен Балкан

Нема промена на границите на Западен Балкан, а тоа изгледа дека мора секој пат да се повторува, порача германската канцеларка Ангела Меркел, по состанокот со претседавачот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ.

Меркел на средбата истакнала дека и понатаму постои „европска перспектива“ за сите држави на Западен Балкан, пренесуваат босанските медиуми.

„Севкупно гледано, соработката помеѓу земјите од Западен Балкан се подобрува. Ги охрабруваме лидерите од овие земји што поблиску да соработуваат“, изјавила Меркел.