Регион

Меркел: Економски развиен Западен Балкан гарантира мир и безбедност за сите

Меркел: Економски развиен Западен Балкан гарантира мир и безбедност за сите

Сигурен Западен Балкан, кој е економски развиен, гарантира мир и безбедност за сите нас, изјави германската канцеларката Ангела Меркел во Софија, пренесе бугарскта агенција „Фокус“.

Таа истакна дека бугарскиот премиер, Бојко Борисов, изминатиов период работел многу на ова прашање и му заблагодари за организацијата на самитот.

Денеска се одржува самитот во Софија меѓу лидерите на 28-те земји членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан. Ова е најголемиот настан во рамките на бугарското претседателство со ЕУ, а состанок во овој формат се случува првпат во последните 15 години, пренесуваат бугарските медиуми.