Регион 12. јануари 2020. / 18:30

Медиумите објавија за експлозија во резиденцијата на Мило Ѓукановиќ; полицијата демантира

Медиумите објавија за експлозија во резиденцијата на Мило Ѓукановиќ; полицијата демантира

Во вилата „Горица“, која црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и Владата ја користат за прием на високи странски гости и делегации, попладнево одекнала експлозија, весникот „Вечерње новости“.

Според првичните и непотврдени информации на весникот, експлодирала трафостаница која се наоѓа во подрумот на резиденцијата.

Извори на весникот наведуваат дека безбедносните структури на Црна Гора се сомневаат во обид за диверзија.

На местото на инцидентот веднаш се ипратени пожарникарски и полициски екипи.

Брзо по објавата, со соопштение во јавноста излегоа од полициската управа во Подгорица од каде ги негираа информациите за експлозија во претседателската вила „Горица“.

– Станува збор за помал електричен дефект, кој брзо е отстранет. Експлозија немаше како што пренесоа некои медиуми со цел да се создаде паника – соопштија од полицијата.