Регион 17. август 2020. / 09:02

Медицинска сестра од Црна Гора почина од коронавирус

Медицинска сестра од Црна Гора почина од коронавирус

Медицинска сестра од Црна Гора почина утрово во Клиничкиот центар, како последица од коронавирус, пренесуваат црногорските медиуми.

Според информациите, медицинската сестра работела во Општата болница во Плевља.

Пред околу десетина дена, по позитивниот тест, таа била пренесена во болницата во Брезовиќ, а откако се влошила нејзината состојба, отишла во Клиничкиот центар во Подгорица, каде утрово починала, јавуваат црногорските медиуми.