Маж почина поради западнонилската треска на Инфективната клиника во Загреб, Хрватска.
Станува збор за човек кој беше во кома еден месец.
Д-р Марко Кутлеша потврди дека почина 84-годишен маж кој беше лекуван еден месец, а за време на викендот почина на Клиниката за инфективни болести „Фран Михалевиќ“ во Загреб.
Д-р Кутлеша додава дека станува збор за еден од пациентите кои биле во тешка состојба.
Покрај него, на интензивна нега има уште четири пациенти во тешка состојба, ставени на апарати за дишење.