Хрватските матуранти вчера славеле последен ден од училиште.
Се собирале на плоштадите и улиците низ многу градови, како и секоја година, но ни овој пат славењата не поминале без инциденти.
Во Загреб на плоштадот „Бан Јелачиќ“ каде матурантите славеле еден од матурантите се онесвестил од алкохол. Како што пишуваат медиумите, тоа се откриле дури откако тргнале на пат кон Бундек.
Матурантите пак во Ријека фрлиле димна бомба на корзото. Густ црн чад веднаш го покрил познатото шеталиште во градот.
Димни бомби палеле и во Шибеник, а во Дубровник дивееле во автомобилите.