Регион 27. август 2019. / 09:13

Маскиран напаѓач рани две лица во Будва, полицијата го блокираше градот

Маскиран напаѓач рани две лица во Будва, полицијата го блокираше градот

Две лица се повредени во оружен напад во Стариот град во Будва, по што полицијата го блокираше градот.

Полицијата соопшти дека повредените се надвор од животна опасност и се префрлени во болницата во Котор. Како што јавува РТС, повикувајќи се на неофицијалните сознанија на „Вијести”, лицето кое носело силиконска маска се доближило до масата на која седеле двајцата жители на Будва со уште еден маж.

Според локалните медиуми, нападот се случил во ресторанот „Корковадо” во Стариот град во Будва се ранети Горан Словиниќ и Драган Марковиќ, соопшти полицијата по синоќешното пукање во кое непознат маж со маска рани две лица.

Маскираниот најпрво пукал во Словиниќ и Марковиќ, а потоа и во третиот на масата Љубиша, но тој успеал да го избегне куршумот.

Настанал метеж, при што напаѓачот успеал да побегне. Очевидците маскираното лице го опишале како маж висок меѓу 185 и 190 сантиметри. Имал црна коса и бил на возраст меѓу 30 и 40 години.

Истрагата е во тек.