Регион 21. ноември 2018. / 11:56

Маркон во писмото до Вучиќ: Братство по оружје основа за партнерство

Маркон во писмото до Вучиќ: Братство по оружје основа за партнерство

Српскиот претседател Александар Вучиќ прими писмо од францускиот колега Емануел Макрон во кое лично му се заблагодари на присуството во Париз на церемонијата, со која беше одбележана стогодишнината од примирјето во Првата светска војна.

Макрон во писмото наведе дека знае колку спрскиот народ претрпел за време на Првата светска војна, поднесувајќи повеќе од еден милион и двесте илјади жртви, што претставувало речиси една третина од населението.

-Сакам да одадам признание на нивната борба на страната на сојузниците, а особено на Франција на Солунскиот фронт, за што не се зборува многу често, иако беше одлучувачки за ставање крај на тој разорувачки судир“ се наведува во писмото кое е доставено до канцеларијата на Вучиќ.

Тој му порача на Вучиќ и на српскиот народ дека сака да бидат во целост уверени во неговите залагања да се укаже чест и да се заживее ова сеќавање.

-Изразувам желба одбележувањето на братството по оружје на нашите две земји и жртвите на нашите војници, послужат како основа за ново заедничко настојување на нашите две држави во рамки на стратешкото партнерство, за да повеќе ја унапредиме соработката, европските вредности и регионалната стабилност“ истакна Маркон.

Тој му се зблагодарил на Вучиќ за неодамнешното писмо во кое му укажал на придонесот на Владата на Република Србија во развојот на наставата на француски јазик и мултилатералната франкфона соработка.