Текстописец на многу хитови од забавнен и народен жанр Марина Туцаковиќ која последните неколку месеци води битка против тешка болест, и во најтешките моменти оптимизмот не ја напушта.
Авторка на многу големи хитови на српската естрада секојдневно добива бројни пораки со подршка и желба за брзо опоравување, како од своите колеги, така и од обожавателите.
Марина, после повеќе од две недели откако последен пат се обратила на јавноста, повторно се огласи и по пат на социјалните мрежи порачала дека нејзините мисли и размислувања одат кон позитивен правец и сигурна е дека се ќе биде во ред.
– Се ќе биде во ОК – порачала, при што веднаш добила многу пораки со желба да продолжи да биде храбра како и досега.