Две вистини за Македонците од Голо Брдо, Мала Преспа, Гора, Врбник. Едната нивна – дека немаат ниту образование на мајчин јазик, и онаа другата на албанските власти дека Македонците во Албанија имаат се. Со ваков став неодамна настапи и високиот гостин од соседството претседателот на Собранието на Република Албанија Грамоз Ручи. Сред македонскиот парламент, рече дека со нивниот Закон за малцинствата, правен по европски терк, Македонците ги уживаат сите права.
Ние како Албанија како Собрание имаме донесено Органски закон за националните малцинства. Тоа е Закон кој е донесен во согласност со Европската комисија и Европскиот парламент и закон кој е усогласен со сите меѓународни признати договори за третман на малцинствата и навистина за тоа имаме добиено позитивно мислење и согласност од сите инстанци и овој закон е на сила во Албанија и се почитува од сите, рече Ручи.
Наспроти ваквото тврдење на спикерот Ручи претседателот на Македонсото друштво “Илинден” од Албанија, Никола Ѓурѓај за 1тв вели дека Државата Албанија ги заборавила. Го оспоруваат Законот за заштита на националните малцинства кој албанскиот парламент го донесе на 13.10 2017 година иако како што вели Законот уште не е стапен на сила бидејќи не се донесени подзаконските акти.