Регион 30. јули 2020. / 09:51

Македонците уште цел месец нема да можат да патуваат во државите од ЕУ

Македонците уште цел месец нема да можат да патуваат во државите од ЕУ

Дипломатски извори од Брисел потврдија дека амбасадорите на земјите членки одлучиле новата ажурирана листа не вклучува нови земји, ниту земји од западен балкан, пренесува српски „Танјуг“.

Тоа значи дека Македонците уште цел месец нема да можат да патуваат во државите од Европската унија.

Оценката на амбасадорите е дека епидемилошката состојба во земјите од Западен Балкан е доволно лоша, поради што, само се потврди претходната одлука. Иако во претходниот период одлуките за тоа кои земји остануваат вон еу се донесуваа на секои две недели, денешната одлука е за период од еден месец, до септември.