Регион 12. мај 2018. / 12:09

Мајка го задавила своето шестмесечно бебе

Мајка го задавила своето шестмесечно бебе

Вчера во Црна Гора мајка е уапсена поради сомнеж дека извршила убиство.

Во Бар е уапсена жена која е осомничена дека го задавила своето шестмесечно машко бебе, откако не поминала на полиграфскиот тест.

Наводно, детето го задавила во својот дом во Сутоморе, а потоа на лекарите им пријавила дека детето и се угушило.

Од локалната полиција за медиумите информирале дека смртта на бебето настапила насилно.

Извор во истрагата, рече дека таа не го положила полиграфскиот тест, и дека многу чудно се однесувала во текот на сослушувањето.

Таа не плачеше, не покажуваше никаков знак на жалење ниту каење, не побара од нас да и дозволиме да присуствува на погребот на своето дете – вели извор од полицијата.