Регион 03. април 2018. / 10:34

Мафијашко убиство во Подгорица: Убиен човек по грешка (ВИДЕО)

Мафијашко убиство во Подгорица: Убиен човек по грешка (ВИДЕО)

Две лица се убиени вчера попладне во центарот на Подгорица, Црна Гора.

Едниот од убиените, чии идентитет сеуште не се соопштува е случајна жртва на таа, наводно, мафијашка пресметка, известуваат црногорските медиуми.

Несреќниот настан се случил во еден локал, каде еден од убиените ја турнал масата кон еден маж со капа, додека тој му се приближувал со пиштол во раката. Жртвата успеала да избега за кратко, но на околу десет метри од локалот, убиецот го фатил и испукал неколку куршуми во него. Пред да тргне по убиениот, убиецот испукал неколку куршуми и усмртил еден подгоричанец.

Надлежните сеуште трагаат по убиецот.