Движењето за социјалистичка интеграција(ЛСИ), трета по големина партија во Албанија,во реакцијата во врска со се понагласената дебата за можноста за промена на границите,оценува дека најголем проблем во Албанија и Косово не се границите, туку економијата.
Потпретседателот на партијата и координатор на пратеничката група во абанскиот парламент,Петрит Васили, пренесувајќи го партискиот став додава дека Албанците од двете страни на границата очекуваат неколкупати подобра и посилна економија.
-Границите се во ред,додека економијатаа не. Големите војни ги определија победниците и губитниците, ги определија и границите на победниците, ги утврдија победничките граници, ги одредија и Албанците како победници. И победникот треба да се однесува како таков,во спротивно тоа е грешка, изјави Васили.
Тој содава дека економијата не е во ред ни во Албанија,ни во Косово.
-Економијата е во криза.Нивото на корупцијата е на највисоко ниво,многу е присутна и појавата на перење пари. Албанците од двете страни на границата очекуваат неолкупати подобра и посилна економија. Оној кој ги остава Албанците сиромашни е нивен непријател,- посочува Васили.
Кога станува збор за границите, констатира тој, тие се добри,она што единствено непходно е„да ги чуваме како што треба“.
Неговиот сопартиец и поранешен шеф на дипломатијата, Едмонд Хаџинасто, претходно оцени дека идејата за размена на територии меѓу Косово и Србија е утопија но и многу опасна. Ваков концепт, на размена на територии, додаде тој, е архаично, антиевропско и антинационално мислење.