Регион 08. јули 2018. / 20:51

Локалните албанци не му дозволија на владиката Амфилохие да освети црква во Улцињ

Локалните албанци не му дозволија на владиката Амфилохие да освети црква во Улцињ

Група жители на Улцињ, етннички Албанци не му дозволија на српскиот владика Амфилохие да освети темели на црква во Улцињ.

Жителите предводени од советникот на Демократската партија на Црна Гора , Хаџи Сулејмани , го спречија митрополитот Амфилохие заедно со свештенството и верниците да изврши осветување на темели на црква во улцињската населба Свач.

Владиката требало даги освети темелите на црквата Свети Јован Крстител , но бил спречен од мештаните. Тие рекле дека владиката е дојден за да освојува и како Албанци со муслиманска вера тоа нема да го дозволат.

По тензичната расправа , во која за малку бил избегнат и физички судар , како што пишуваат српските медиуми , на владиката му било дозволено да дојде до остатоците од старата црква , но не и да пристапи до темелите на новата за да ја освети.

Состојбата се смирила откако полицијата ги раздвоила двете групи