Регион 25. мај 2020. / 22:45

Љубоморен српски лекар кој имал симпатии кон колега, на работа донел торта отруена со лекови

Љубоморен српски лекар кој имал симпатии кон колега, на работа донел торта отруена со лекови

Српски лекар во Австрија им приредил непријатно доживување на колегите во затворот каде што работел. Тој имал голема симпатии кон еден од колегите, но тоа била невозвратена љубов.

Поради тоа тој на работа им однесол торта која ја „зачинил“ со разни лекови. Лекарот кој изел најголемо парче од тортата е префрлен во болница во Виена, а во крвта нашле зголемена доза лекови „бензос“ и „труксел“, кои се користат во психијатријата.

Меѓу дрогираните лекари биле и шефот на одделението во затворот, уште двајца лекари и други.

Трујачот е уапсен и префрлен во истражниот затвор, а за мотивот, медиумите шпекулираат дека е невозвратена љубов од колега. Наводно, нешто порано на истиот тој колега му ги дупнал гумите на авотмобилот и му го изгребал возилото.