Регион 28. октомври 2020. / 10:58

Лидерот на косовската опозиција позитивен на Ковид 19

Лидерот на косовската опозиција позитивен на Ковид 19

Лидерот на најголемата косовска опозициска партија, Движење самоопределување (ВВ), поранешниот премиер на Косово Албин Курти по тестирањето информира дека е позитивен на Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава преку својата страница на Фејсбук, Курти наведе дека имал лесни симптоми и дека наредните две недели ќе биде во самоизолација.

Почитувани членови на Движењето и граѓани на Републиката. Завчера имав одредени симптоми: лесна главоболка, мала кашлица и болки и црвенило на очите. Вчера го извршив тестот за Ковид-19 и резултирав позитивен. Во наредните две недели ќе бидам во самоизолација, напиша 45 годишниот Курти.