Регион 04. април 2018. / 10:03

Левендис: Македонија да го промени ставот за името

Левендис: Македонија да го промени ставот за името

Лидерот на грчка партија, Сојуз на централисти, Василис Левендис, се залага да нема отстапки од позицијата против сложено име со вклучен терминот Македонија и воедно ја повикува грчката Влада да ја притисне Македонија да го промени ставот во однос на прашањето за името.

Левендис се сретна со шефот на грчката дипломатија, а средбата поминала во многу добра клима.

Тој по средбата со Коѕијас изјави дека Сојуз на централисти остануваат верни на нивните ставови и во парламентот нема да гласаат за евентуален договор за име со вклучен терминот Македонија.