Регион 09. февруари 2020. / 11:05

Лекарите отфрлија присуство на корона вирус и кај третиот сомнителен пациент во Загреб

Лекарите отфрлија присуство на корона вирус и кај третиот сомнителен пациент во Загреб

Жената која синоќа беше примена на Клиниката за инфективни болести во Загреб нема корона вирус, соопшти дежурната лекарка Даворка Лукас, пренесоа хрватските медиуми.

Нејзиниот наод е негативен – соопшти докторката за Хина, откако биле спроведени дијагностика и обработени брисевите кои требало да го отстранат сомневањето за инфекција со коронавирус.

Дежурната докторка соопшти и дека 42-годишната жена, која кратко престојувала во Кина, се наоѓа во добра општа состојба, дека има само поблаги симптоми, зголемена температура и кашлица.

Сопругот на пациентката, со кого пред четири дена се вратиле од Кина, претходно веќе бил тестиран, а и неговиот наод бил негативен.

На Клиниката на инфетиктивни болести вчера беа примени уште две машки лица, но и кај двајцата било утврдено дека не се заразени со коронавирус.

Во Хрватска досега не е регистриран ниту еден случај на заболен од инфекција на корона вирус.