Регион 05. јули 2018. / 14:41

Лекари ѝ извадиле тумор од стомакот тежок 18 килограми

Лекари ѝ извадиле тумор од стомакот тежок 18 килограми

На Воено медицинската академија (ВМА) во Белград на 51-годишна жена успешно ѝ бил остранет тумор тежок 18 килограми, соопштија од Клиниката.

Комплицираниот хируршки зафат бил успешно завршен поради мултидисциплинарниот пристап во лечењето.

Туморот бил локализиран во стомакот и бил со пречник од 50 сантиметри, тежок 18 килограми.