Регион 25. мај 2020. / 21:00

Лајчак уште на првиот работен ден се сретна со амбасадорите од Западен Балкан

Лајчак уште на првиот работен ден се сретна со амбасадорите од Западен Балкан

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и други прашања од Западен Балкан Мирослав Лајчак, на својот прв работен ден во Брисел, разговараше со амбасадорите на западнобалканските земји.

Имавме конструктивен разговор за ситуацијата во регионот и евроинтегративниот процес – напиша Лајчак на својот Твитер профил.

Лајчак појасни дека ги известил амбасадорите на земјите од регионот за своите планови во рамки на новиот мандат специјален претставник на ЕУ за дијалог и Западен Балкан.

Минатата недела Лајчак најави дека после речиси два месеци минати во Братислава, поради пандемијата на Ковид-19, ќе пристигне во Брисел и физички ќе ја преземе канцеларијата на Специјален ЕУ претставник.