Мандатоарот за претседател на Владата на Косово Албин Курти најави дека за време на неговото владеење ќе биде задолжително служењето на воениот рок во државата.
Според Курти, воената служба ќе трае три месеци, а ќе се воведе со цел да се помогне на Безбедносните сили на Косово (ФСК) што поефикасно да ги извршуваат нивните задачи.
Лидерот на партијата победничка на изборите на 6 октомври, Движењето Самоопределување (ВВ), ги наброја мерките кои ќе ги преземе неговата влада во сите области и најави зголемување на буџетот на државата на три милијарди евра.
Во дипломатијата, Курти најави политика на добрососедство и нагласи дека е подготвен да го води дијалогот за решавање на споровите со Србија, кој очекува да резултира со меѓусебно признавање на двете држави.