Регион 11. февруари 2020. / 09:58

Курти во Тирана – Прва официјална посета како премиер на Косово

Курти во Тирана – Прва официјална посета како премиер на Косово

Косовскиот премиер Албин Курти во Албанија ќе ја има својата прва официјална посета надвор од земјата откако пред една недела беше избран на чело на новата Влада на Косово.

Според агендата што ја објави неговиот кабинет, за време на полудневниот престој во Тирана, Курти ќе се сретне со албанскиот премиер Еди Рама, претседателот на државата Илир Мета, собранискиот спикер Грамоз Ручи, тиранскиот градоначалник Ерион Велиај и лидерот на најголемата опозициска партија, Демократската партија на Албанија, Љуљзим Баша.