Премиерот на Косово, Албин Курти изјави дека нема потреба да се воведува вонредна состојба во Косово, бидејќи институциите ги презеле сите неопходни мерки за спречување на корона вирусот.
Тој смета дека Косово е „пример во регионот за спречување на ширењето на пандемијата“.
Имаме и социјална и граѓанска дисциплина, поради што денес немаме повеќе од 20 заразени лица во Косово, од кои само еден 77-годишник кој носи маска за кислород. Двајца од нив се пуштени на домашно лекување во изолација – вели Курти.
Коментирајќи го барањето на косовскиот претседател Хашим Тачи за прогласување вонредна состојба, Курти изјави дека надлежните институции ја одржуваат ситуацијата под контрола и тој е убеден дека нема потреба да се воведе вонредна состојба.
На состанокот на Советот за безбедност на Косово беше предложено да се прогласи вонредна состојба. Ова барање беше неразумно за мене, нелогично, непотребно … Претседателот Тачи инсистираше да прогласиме вонредна состојба и да чекаме одговор на Собранието на ова барање – изјави Курти.
Говорејќи за разрешувањето на министерот за внатрешни работи и јавна администрација, Агим Велиу, од Демократскиот сојуз на Косово, Курти рече дека без никакви докази и извештаи од властите, Велиу изјавил дека бројот на заразени со вирусот се зголемува од час во час, што го оценува, како неодговорно.
На прашањето на новинар дали е за предлог за прогласување вонредна состојба, поранешниот министер одговори потврдно. Ова е неприфатливо и немав друг избор освен да го отпуштам поранешниот министер Велиу од функцијата. Го известив Претседателот на Демократската лига на Косово, Иса Мустафа, и тој побара да предложи друго име – објасни Курти.
Тој оцени дека Велиу направил двојно предавство: на владата, чиј е член е, но и на косовската полиција.
Да се биде министер за внатрешни работи и да се дава изјава за вонредна состојба само по себе значи понижување на косовската полиција – вели Курти.
На прашањето дали е изненаден од одлуката на Претседателството на Демократскиот сојуз на Косово да побара иницијатива за недоверба во Собранието, Курти рече дека тој бил во политиката толку долго што ништо не може да го изненади.