Регион 03. јуни 2020. / 23:45

Курти не прифаќа примопредавање на функцијата: Новата косовска Влада е бескорисна

Курти не прифаќа примопредавање на функцијата: Новата косовска Влада е бескорисна

Лидерот за Самоопределување и поранешен вршител на должноста премиер на Косово Албин Курти изјави дека новата Влада, предводена од функционерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Авдулах Хоти е бескорисна и рече дека тој ќе ја продолжи борбата и набргу ќе се врати во извршната власт.

Курти, исто така, рече дека нема да прифати примопредавањето со некој што го разрешил додека бил премиер.

Тој повтори дека е неприфатлива неодамнешната одлука на Уставниот суд за указот на косовскиот претседател Хашим Тачи да го назначи Хоти за мандатaр, јави приштинска „Коха“.