Движењето Самоопределување соопшти дека на патот Тирана – Драч во Албанија се случила помала сообраќајна незгода во која учествувал автомобилот во кој се возел лидерот Аљбин Курти.
Во сообраќајката нема повредени.
–Сѐ е во ред, беше тоа сообраќајна незгода во која никој не е повреден, се наведува во соопштението на Самоопределување, кое го пренесоа приштинските медиуми.
Курти се наоѓа во Тирана, каде што ја прославува победата на Самоопределување на вонредните косовски парламентарни избори.
Веста за несреќата први ја објавија медиумите во Албанија, а објавена е и фотографија од автомобилот „волво“, кој удрил одзади во полициски автомобил.