Регион 17. декември 2019. / 09:35

Курти: Ќе се состанам со Српска листа и ќе го почитувам Уставот

Курти: Ќе се состанам со Српска листа и ќе го почитувам Уставот

Лидерот на движењето Самоопределување, Албин Курти најави дека ќе се сретне со претставниците на Српска листа и ќе разговара со нив за исполнувањето на уставната обврска – давање на министерство на Србите.  Како што појасни Курти, затоа што во косовското Собрание нема српско малцинство освен „Српска листа“, тој ќе се сретне и со партија што лидерот на Самоопределување ја нарекува продолжена рака на Белград, пренесува „Газета Експрес“.

– До денот кога беа потврдени резултатите од изборите, се надевавме дека ќе успее друг пратеник што не е во Српска листа. Мојот проблем со нив не е затоа што е српска. На крајот, потврдата покажа дека тоа не е можно – порача Курти.

Кандидатот за премиер на Косово наведува дека тој ќе се сретне со Српска листа и ќе се однесува како што косовскиот Устав предвидува назначување министер од редовите на српската заедница.

– Не сакам да ја екскомуницирам Српска листа, туку сакам да се сретнам со нив и да го разгледам тоа прашање и да истакнам уште еднаш дека ќе го почитувам Уставот. Дури и по ова прашање, но да не ја мешаме уставната обврска со политичката коалиција. Немаме обврска да владееме во политичка коалиција со Српска листа – изјави Курти.

На предвремените избори во Косово, Српска листа ги освои сите десет парламентарни места резервирани за српската заедница во косовското Собрание.