Најверојатниот премиер на Косово, Албин Курти е незадоволен од најавата на премиерите на Абанија и на Македонија, Еди Рама и Зоран Заев, кои заедно со претседателот на Србија , Александар Вучиќ кои неодамна промовираа т.н мини шенген, како подготовка до членството на земјите од регионот во ЕУ.
Курти, не мисли така и стравува дека намерата е да се формира некаква нова Југославија.
– Србија е посветена на создавање на нова платформа за Голема Србија.На Србија е потребна платформа за ширење и не смееме да дозволиме четврта Југославија.Тоа е целта на Србија – смета Курти.