Регион 21. октомври 2019. / 16:06

Курти: Договорот со Белград не е меѓу приоритетите

Курти: Договорот со Белград не е меѓу приоритетите

Потенцијалниот премиер на Косово, Албин Курти изјави дека договорот со Белград не е меѓу приоритетите, а на Србија и порачува дека треба да се соочи со сопственото минато, „наместо на Косово и Албанија да гледа со воен двоглед“.

Курти во интервју за Гардијан рече дека формирањето влада го очекува во рок од еден месец, но дека приоритет не му е постигнувањето на договор со Белград.

Царината на српската стока, вели, нема да ја укинува, освен во случај на реципрочни мерки од Белград, вклучително и откажување од меѓународната дипломатска кампања со цел повлекување на признавањето на косовската независност.

– Ако сакаат да започнам дијалог, треба да запрат со клеветите во врска со нашата правна должност. Србија треба да се соочи со сопственото минато, наместо на Косово и Албанија да гледа низ воен двоглед, вели Курти.

Британскиот весник пишува дека новиот приштински премиер сепак ќе биде под меѓународен притисок да постигне договор со Белград и потсетува дека САД поставија нов специјален пратеник за оживување на дијалог.

Курти повтори дека се противи на размената на територии, што е идеја која оваа година ја изнесоа претседателите Александар Вучиќ и Хашим Тачи.

– Која и нова граница да ја формирате, од другата страна ќе бидат Срби и Албанци кои се преправаат дека тоа може мирно да се направи, рече Курти.

Гардијан истакнува дека Србија укажува на „можноста Курти да потпише некаков вид на конфедерација со Албанија“, што, како што додава весникот, би го обеспредметило постоењето на српската заедница на северот на Косово.