Регион 13. декември 2019. / 11:35

Курти: Деноноќно се обидуваме да постигнеме договор за коалиција

Курти: Деноноќно се обидуваме да постигнеме договор за коалиција

Лидерот на Движењето Самоопределување, Албин Курти, по регистрацијата како пратеник во Собранието на Косово, пред медиумите истакна дека неговата партија непрекинато работи во обидите да постигне договор за коалиција со Демократската Лига на Косово.

Деноноќно се обидуваме да постигнеме договор за коалиција. Овие контакти и средби продолжуваат. Средбите повеќе не се вест, вест ќе биде доколу постигнеме договор. Договорени сме да комуницираме повеќе пати во денот, за што поскоро да успееме во нашите намери. Сѐ поблиску сме до посакуваните резултати, но кога ќе имаме конкретен договор, ќе ја информираме јавноста – рече Курти.