Регион 28. август 2018. / 09:57

Курц: Не смееме да го изгубиме Западен Балкан

Курц: Не смееме да го изгубиме Западен Балкан

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц вечерва се заложи за членство на земјите од Западен Балкан во Европската унија, предупредувајќи на опасноста дека регионот, во спротивно, би можел да се најде под влијание на други.

Курц на Европскиот форум Алпбах, изјави дека треба да се има предвид дека Западен Балкан нема само европска перспектива. „Вистина е дека постои перспектива за пристапување во ЕУ, или за посилно влијание на Русија, Турција и од другите делови на светот“, објасни Курц, и додаде дека да се изгуби тој регион кој е толку блиску до нас би било лошо за Западен Балкан, но и за нас во ЕУ.

Австрија во овој момент претседава со Советот на Европската унија.