Регион 23. ноември 2018. / 17:49

Курц на Твитер: Жалам поради царините на Косово

Курц на Твитер: Жалам поради царините на Косово

Австрискиот канцелар Себастијан Курц изрази жалење поради одлуката на Владата на Косово за зголемување на таксите за 100%  за стоките од Србија и Босна и Херцеговина.

Тој на Твитер напиша дека регионалната соработка во Западен Балкан и договорот ЦЕФТА се од корист секому во регионот.

-Мора да ги уриваме бариерите, а не да пронаоѓаме нови- напиша Курц на Твитер.