Регион 25. октомври 2018. / 19:08

Курц : ЕУ нема да биде комплетна без Западен Балкан

Курц : ЕУ нема да биде комплетна без Западен Балкан

Во Будва се одржува економски форум ,,Монтенегро 2018” , што го отворија австрискиот канцелар Себастијан Курц и претседателот на Црна Гора , Мило Ѓукановиќ.

На форумот , канцеларот Курц нагласи дека Европската Унија ќе биде комплетна дури кога државите од Западен Балкан ќе станат полноправни членки на Унијата.

Тој рече и дека мигрантската криза покажа дека регионот е значаен за земјите од ЕУ. ,, Интерес на ЕУ е овој регион да стане дел од Унијата.”, рече Курц.

На посебен панел на форумот се говореше за економската евопрската перспектива на регионот