Регион 06. ноември 2018. / 11:42

Курц: Австрија ги поддржува напорите на Косово за влез во Интерпол

Курц: Австрија ги поддржува напорите на Косово за влез во Интерпол

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска ќе престојува во работна посета на Косово.

Австрија ги поддржува напорите на Косово за влез во Интерпол, изјави австрискиот канцелар за АПА по повод неговата денешна посета на Приштина.

Курц тврди дека и неговиот коалициски партнер, Либералната партија (ФПО), Хајнц-Кристијан Страх, го променил својот став во тој поглед.