Регион 20. октомври 2018. / 15:42

Кумуцакос: Коѕијас ќе остане во свеста на Грците по штетниот Договор од Преспа

Кумуцакос: Коѕијас ќе остане во свеста на Грците по штетниот Договор од Преспа

По штетниот Договор од Преспа и отстапувањето на македонската националност и јазик, ќе остане запаметен мандатот на Никос Коѕијас на позицијата шеф на грчката диполоматија, според одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демокртија, Јоргос Кумуцакос.

-Отчетот за мандатот на Коѕијас ќе остане во историјата и во свеста на Грците по национално штетниот Договор од Преспа и по отстапувањето на Скопје на македонската националност и јазик, коменира Кумуцакос, јави дописничката на МИА од Атина.