Регион 04. април 2018. / 10:05

Крвава пролет на Косово, Харадинај и Тачи ќе прават војна

Крвава пролет на Косово, Харадинај и Тачи ќе прават војна

Косово ја потресе најдлабоката криза од едностраното прогласување независност, а спрема податоците на службите за информирање, нетрпението на актуелните политички лидери Рамуш Харадинај и Хашим Тачи би можело во наредните денови да прерасне во крвава пресметка!

Масло на огнот долева турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган кој веќе со денови не одбира зборови кога го повикува премиерот на Косово Харадинај, а јавно го фали Тачи.
Турскиот претседател, потсетуваме, збесна пред неколку дена кога дозна дека Харадинај ги отпуштил шефовите на службата за безбедност, кои без негово знаење ја уапсија и депортираа групата подржувачи на Фетулах Ѓулен.

– Тајната служба Шик скрила дека уапсила шест турски државјани кои се финансирани од страна на Ѓуленовата организација која е против Ердоган. Испорачувањето се случило во текот на ноќта. Турците дошле со специјален авион во Приштина. Акцијата ја раководел Хашим Тачи кој едноставно не известил никого. А кога Харадинај утрото дошол на работа дознал дека ѓуленистите се испорачани. Тука му проработила суетата и го отпуштил министерот на полиција и шефот на тајната служба. Затоа сега Ердоган го напаѓа со сето оружје. Турците го пуштија низ Дрим и лесно може да заврши во јадранското море кај Драч – вели аналитичарот Божа Спасиќ.

Судирот на актуелните лидери на албанците на КИМ инаку трае уште од злосторничката ОВК кога не можеа да се договорат околу територијата и пленот. А извесно е дека Тачи користи прилика еднаш засекогаш да го исфрли Харадинај од игра, бидејќи владејачкото мнозинство после излегувањето на Српската листа од владата веќе не постои.

– Ова е дефинитивно политички крај на Рамуш Харадинај затоа што не може никој да го спаси. За САД и ЕУ ова е одлична прилика да се ослободат од личноста кија е означена како воен злосторник – вели Спасиќ.

Податоците покажуваат и дека на КИМ во следните денови може да следи отворен судир на подржувачите на двајцата воени водачи на косовските албанци.
– Сметам дека ќе почнат пресметки како кога се  пресметуваа со подржувачите на Ибрахим Ругова. Тогаш имаше силни убиства кои до денешен ден не се расветлени. Имам доверливи информации дека во Косово шетаат вооружени формации кои ги контролираат одредени делови на територијата. Секој сака на време да си го обезбеди својот дел од колачот. Во наредните денови лесно може да дојде до ликвидација на поддржувачите на Тачи или Харадинај, а свое место сега бара и Кадри Весели – вели Спасиќ

Зад се според неговите зборови се крие некоја сериозна геополитичка игра која уште не можеме да ја откриеме.- Мислам дека е во прашање многу поголема игра од шест турци кои му се испорачани на Ердоган. Нашите разузнавачки служби би морале да ја искористат настанатата ситуација како би дошло до општ хаос во таа квази држава- смета Спасиќ.