Регион 20. февруари 2020. / 09:44

Кривична пријава против Јосипа Лисац поради начинот на кој ја пеела химната

Кривична пријава против Јосипа Лисац поради начинот на кој ја пеела химната

Против хрватската пејачка Јосипа Лисац е поднесена казнена пријава поради начинот на кој ја извела националната химна на инаугурацијата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.

Пријавата ја понднел адвокатот Бошко Жупановиќ, кој изјави дека „химната на Република Хрватска е изведена на подбивен и омаловажувачки начин“ и дека Јосипа Лисац на тој начин извршила кривично дело кршење на угледот на Република Хрватска со „користење подбивни артикулации и тоналитети“.

„Не сакам внимание на медиумите. Го направив тоа како адвокат и граѓанин. Мислам дека тоа е само исмејување и дека не соодветствува за никаков настан, а камоли на инаугурацијата на новоизбраниот хрватски претседател”, рече Жупановиќ за Индекс.хр.

Тој додаде дека ја напишал пријавата затоа што сметал дека тоа е негова граѓанска должност.