Командантот на воената морнарица на Црна Гора, Веско Томановиќ е испратен во карантин откако ја прекршил мерката за домашна самоизолација.
– Полицијата во Бар го привела Томановиќ поради кршење на привремената мерка за домашна самоизолација – објави подгоричкиот дневен весник „Вијести“.
Црногорската полиција исто така објави дека е поднесена кривична пријава против Томановиќ.
Полицијата соопшти дека ќе ги спроведува мерки на надлежните институции без исклучок.
Како што пишуваат црногорските медиуми, на Томановиќ у зе заканува и разрешување од функцијата